Билтен на ОВР Кавадарци: Напад врз малолетник, сообраќајна несреќа со побегнат возач и приведен крадец

Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци информира за три одделни инциденти регистрирани на подрачјето на општината изминатите 24 часа. Малолетник физички нападнат пред угостителски објект Ноќеска, на 1 октомври во 00:30 часот, 17-годишен малолетник во присуство на својот родител во ОВР Кавадарци пријавил дека бил физички нападнат во близина на угостителски објект во градот. Според […]

Општина Кавадарци и здружението „Јас сум жена“ потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на положбата на жените

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, и претставниците на Здружението „Јас сум жена“ официјално ја започнаа својата соработка со потпишување Меморандум за разбирање, со цел создавање подобри услови за жените и нивно поголемо учество во сите сфери на општествениот живот. Овој документ поставува темел за партнерски однос преку кој во иднина ќе се иницираат и […]

(ВИДЕО) Одржан форум за дијабетичарите во Кавадарци: Едукацијата е клуч за превенција од компликации

Во Кавадарци се одржа форум посветен на потребите, едукацијата и услугите за лицата со дијабетес во локалната заедница. Настанот беше организиран од здружението на лица со дијабетес „Слатка насмевка“ во соработка со Женската граѓанска иницијатива „Антико“. Претседателката на здружението „Слатка насмевка“, Соња Ристовска, нагласи дека гласот на дијабетичарите мора да се слушне. „Многу е важна […]

Започна уредување на крак од улицата „Пролетерска“ кај црквата „Св. Троица“ во Росоман

Во Општина Росоман започнаа градежните активности за реконструирање и подобрување на инфраструктурата на крак од улицата „Пролетерска“, лоциран во непосредна близина на црквата „Св. Троица“. Проектот опфаќа проширување на коловозот и поплочување со бехатон плочки, како и изведба на ново тротоарско решение со цел да се овозможи побезбедно и поуредно движење на пешаците. Дополнително, во […]

Јавна дебата во Кавадарци: Граѓаните и секторот ќе ги дефинираат приоритетите за грантови преку ReLOaD 3 програмата

Општина Кавадарци упати отворен повик до сите граѓански организации и заинтересирани граѓани за учество на јавна дебата, која се организира во соработка со Програмата ReLOaD 3 на УНДП. На настанот ќе се разгледуваат и дефинираат приоритетните области за претстојниот Јавен повик за финансиска поддршка за 2027 година. Дебата ќе се одржи во четврток (01.10.2026 година), […]

Показна вежба за постапување во случај на пожар (видео)

Во Кавадарци успешно беше реализирана показна вежба за евакуација и постапување во случај на пожар во Гимназијата „Добри Даскалов“.   Учениците и вработените во училиштето покажаа висока подготвеност, присебност и координација при реакција во кризни ситуации. Вежбата се спроведе во организација на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, а во тесна соработка со Општата болница Кавадарци, Црвениот крст, […]

Напредува изградбата на современиот Картинг центар во Кавадарци

КАВАДАРЦИ, 28 септември 2026 – Градежните активности за изградба на новиот Картинг центар во Кавадарци се одвиваат со засилен интензитет. Со секоја завршена фаза, градот се доближува до добивање современа спортско-рекреативна атракција која значително ќе ја збогати локалната понуда. Проектот се реализира на комплетна површина од 2.700 квадратни метри, каде што се гради модерна картинг […]

Советот на Општина Кавадарци денеска ја одржа редовната  14-та седница

На редовната  14-та седница на кавадаречкиот совет  беа разгледани и усвоени повеќе одлуки од витално значење за функционирањето на општината. Доминираа одлуките за финансирање и кредитно задолжување на јавните претпријатија, годишните извештаи и програми на образовните институции, како и прифаќањето на значајни донации за локалната заедница. Советникот од СДСМ, Вуко Мелов при утврдувањето на дневниот […]

Кавадарци го засилува трендот на енергетска ефикасност: Инсталирани фотоволтаици на 12 јавни објекти со моќност од 355 kW

Општина Кавадарци продолжува со засилени вложувања во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, утврдувајќи ја својата позиција како предводник меѓу општинските локални самоуправи во земјата. Откако пред четири години беше првата општина во државата што инсталираше 200 kW фотонапонски панели на општинските објекти, денес овој проект добива значително проширување. Фотоволтаичните системи веќе се поставени […]

Јанчев најави формирање Одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија во Кавадарци

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, на денешната седница на Советот најави формирање ново Одделение за внатрешна контрола кое ќе има за цел проверка и контролирање на сите локални институции и јавни претпријатија под надлежност на општината. Јанчев истакна дека изминатите четири месеци интензивно се работело на правната рамка за ова решение, кое официјално треба […]