Билтен на МВР: Работничка тешко повредена во училиште, приведување поради телефонски закани

Педесет и деветгодишна жена од Неготино се здобила со тешки телесни повреди додека извршувала работни задачи во основно училиште, информираат од полицијата. Настанот бил пријавен вчера наутро, во 08:35 часот, кога Л.Ќ. (59) била пренесена за укажување медицинска помош во Општата болница во Велес. За случајот веднаш бил известен и инспектор за безбедност и заштита […]

Година на големи инвестиции и развој: Градоначалникот Митко Јанчев презентираше отчет за сработеното во Кавадарци

Спорт, рекреација и младински стандарди Капиталните инвестиции во спортот бележат значителен замав. Градскиот базен доби целосно нов лик со инвестиција од околу 1 милион евра, опфаќајќи реконструкција на базените, нов систем за филтрација, тобогани, детски реквизити и комплетно обновени соблекувални. Покрај тоа, изграден е и затворениот базен (25х9м) вреден 1,2 милиони евра, како и нов […]

Градоначалникот Јанчев на терен: Започнуваат јавните расправи за буџетот и програмите на Општина Кавадарци за 2027 година

Од утре, петок (30 октомври), Општина Кавадарци започнува серија средби и јавни расправи со жителите од сите урбани и месни заедници, со цел директно вклучување на граѓаните во подготовката на годишните програми за 2027 година. На средбите ќе присуствува градоначалникот Митко Јанчев, придружуван од претставници на општинските служби, локалната самоуправа, ЈП „Комуналец“ и други релевантни […]

Пронајдени осум лица мигранти, лишен од слобода криумчарот од Албанија

Вчера во 12:35 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода П.М.(40) од Албанија. При контрола во патничко возило ,,фолксваген туран“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, […]

Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела

Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потврди потребата од поголема одговорност, хуманост и доследна заштита на животните. Зад оваа слика стои страдањето на едно беспомошно суштество, изложено на нехуман третман. Но, случајот покажа и дека навремената реакција, емпатијата и соработката можат да направат […]

Започнува манифестацијата „Месец на театарот“ (видео)

Покрај редовните активност и настани, Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и годинава традиционално ќе ја организира манифестацијата “Месец на театарот“. Манифестацијата започнува во сабота, на 24 октомври со претставата “Секс, лаги и главоболки“ на Театар Комедија. Следната претстава е на 29 октомври – “Чичко кумплунг“ на Народен театар Куманово. Следуваат на 6 […]

Општина Кавадарци објави јавен повик за иницијативен одбор за Локалното младинско собрание

Општина Кавадарци објави јавен повик за избор на членови на Иницијативен одбор, чија цел ќе биде организација и одржување на конститутивното Локално младинско собрание во општината. Иницијативниот одбор ќе биде составен од пет члена – претставници на младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско учество што […]

Родната куќа на Димката Ангелов Габерот отстапена на Општина Кавадарци – ќе прерасне во Спомен куќа

Со исклучително важен и благороден гест на внуците на Димката Ангелов Габерот, неговата родна куќа во село Ваташа е предадена во надлежност на Општина Кавадарци, со што се прави значаен чекор кон исправање на долгогодишната историска неправда и зачувување на сеќавањето за неговиот лик и дело. Објектот, кој се наоѓа во непосредна близина на Спомен […]

Општина Кавадарци објави јавен повик: Ангажирање на невработени лица преку мерката за јавни работи

Општина Кавадарци, во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, објави јавен повик за вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктурен карактер за заштита на животната средина. Јавниот повик е наменет за евидентираните невработени лица кои сакаат да се вклучат во Програмата за работно ангажирање – јавни работи. Ангажираните […]

Продолжуваат акциите за собирање текстилен отпад во Кавадарци: Општината апелира за совесно одлагање

Општина Кавадарци, во соработка со компанијата „Еко Текст Груп“, продолжува со реализација на редовните активности за организирано собирање и соодветно управување со текстилниот отпад на територијата на општината. Во рамки на овие активности, екипите вршат редовно празнење и одржување на специјално поставените контејнери за текстил. Примарната цел на оваа акција е обезбедување правилен третман на […]