Врсничко насилство во Кавадарци: Две малолетнички нападнале и гореле со цигара своја врсничка

Врсничко насилство во Кавадарци: Две малолетнички нападнале и гореле со цигара своја врсничка

​ Случај на тешко врсничко насилство е пријавен во кавадаречката полиција, откако малолетно девојче било физички нападнато и горено со цигара од страна на две други малолетнички.

​Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот во ОВР Кавадарци го пријавила триесет и петгодишната Е.К. од Кавадарци на 18 ноември 2026 година во 22:30 часот. Таа пријавила дека два дена претходно, на 16 ноември, на улицата „Сремски Фронт“ во Кавадарци, нејзината малолетна ќерка била мета на напад од две други малолетнички. Според пријавеното, додека едната ја држела, другата со цигара ѝ нанесувала изгореници.

​За инцидентот веднаш се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Кавадарци, а од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

A.Д