БИЛТЕН НА МВР: Физички напад меѓу браќа и две пријави за вознемирување малолетнички на социјалните мрежи во Кавадарци

Полициските службеници од ОВР Кавадарци во текот на изминатиот ден забележаа неколку инциденти, меѓу кои семејно насилство со физички напад, како и два одделни случаи на злоупотреба и вознемирување малолетнички преку социјалните мрежи. Момче лишено од слобода по физички напад врз сопствениот брат Денеска (24.09.2026) во 02:05 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Кавадарци […]

Марена добива нов и современ лик: Продолжуваат активностите за уредување на кејот на Овчка Река

Градежните активности за целосно уредување на кејот на Овчка Река во село Марена се одвиваат со засилена динамика. По почетната фаза на расчистување и подготовка на теренот, проектот преминува во следната реализациона фаза, со што ова населено место наскоро ќе добие нов, заграден и современ простор за рекреација и одмор. Станува збор за значајна инвестиција […]

БИЛТЕН НА МВР: Приведени лица за марихуана во Неготино, нарушен јавниот ред и мир во Возарци

Двајца неготинчани затекнати со марихуана и приведени во полиција Синоќа (22.09.2026) во 22:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 40-годишниот Г.Д. и 43-годишниот С.М., двајцата жители на Неготино. Според информациите од полицијата, лицата биле затекнати од страна на полициските службеници при уживање марихуана. По целосно документирање на настанот, против […]

Физички напад врз малолетник, пожар во овоштарници и закани за преземање фирма

Шеесет и едногодишник од Криволак приведен поради физички напад врз малолетник Синоќа (21.09.2026) во 21:20 часот во селото Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 61-годишниот Л.С. од истото село. Апсењето следувало по претходна пријава од 34-годишен жител на Криволак, кој пријавил дека Л.С. во продажен објект во селото физички го […]

Формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци: Над 350 занаетчии добиваат институционална поддршка

КАВАДАРЦИ — По повеќегодишни иницијативи, заложби и барања за соодветно организирање на локалните мајстори и претприемачи, денеска и официјално беше формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци. Овој значаен чекор за локалната економија доаѓа како резултат на силниот интерес на занаетчискиот сектор, поддржан со потписите на повеќе од 350 кавадаречки занаетчии. Целиот процес за формирање на […]

Општина Кавадарци се збратими со кинескиот град Јиву — се отвораат нови можности за економска соработка и инвестиции

КАВАДАРЦИ — Општина Кавадарци направи значаен чекор кон меѓународно поврзување и економски развој со потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и збратимување со кинескиот град Јиву. Поводот за ова историско партнерство беше денешната работна средба на која градоначалникот Митко Јанчев, заменик-градоначалникот Ванчо Настов и дел од советниците во Советот на Општина Кавадарци беа домаќини на […]

Кавадарци и Јиву се збратимуваат – уште еден резултат на меѓународната соработка на Левица

Денеска се одржа официјална средба меѓу претставници на Кавадарци и кинескиот град Јиву, на која со онлајн церемонија беа потпишани документите за воспоставување збратимени односи меѓу двата града. Ова претставува конкретен чекор во продлабочувањето на врските меѓу Македонија и Народна Република Кина и уште еден резултат на меѓународната активност и соработката што Левица ја гради […]

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци гради нова атмосферска канализација на Западен Булевар и ул. „Диме Туриманџов“

КАВАДАРЦИ — Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци продолжи со интензивна реализација на теренски активности за системско и трајно подобрување на мрежата за одведување на атмосферските води во градот. Во моментов активни градежни зафати се одвиваат на Западен Булевар, каде што се врши изградба на целосно нова атмосферска линија во должина од 120 метри. За оваа […]

Приведен возач без возачка дозвола и физички напад во Шивец

Полициските службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден евидентираа два одделни инциденти на подрачјето на општината, при што две лица се лишени од слобода. Одземено возило „Цитроен“, возачот приведен бидејќи немал возачка дозвола Синоќа во 23:30 часот, на улицата „7 Септември“ во Кавадарци, за време на редовна сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко […]

ПОТПИШАН НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО РОСОМАН: Подобри услови и поголема одговорност за општинската администрација

Вработените во Општина Росоман добија нов Колективен договор со кој дополнително се уредуваат нивните права, обврски и одговорности што произлегуваат од работниот однос. Информацијата преку својот Фејсбук профил ја сподели градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски. Според Крстевски, со овој документ се создава цврста основа за подобри услови за работа, поголема социјална сигурност и почитување […]