Градежните активности за целосно уредување на кејот на Овчка Река во село Марена се одвиваат со засилена динамика. По почетната фаза на расчистување и подготовка на теренот, проектот преминува во следната реализациона фаза, со што ова населено место наскоро ќе добие нов, заграден и современ простор за рекреација и одмор.
Станува збор за значајна инвестиција во вредност од 300.000 евра, обезбедена како директна донација од фамилијата Камчеви преку Фондацијата „Илија Камчев“.



Со реализацијата на овој проект не само што драстично ќе се подобри естетскиот изглед на селото Марена, туку ќе се создадат и подобри услови за живот, хуманизирање на просторот и нов урбан простор наменет за сите генерации жители.
Од Општина Кавадарци истакнуваат дека сите планирани активности се одвиваат чекор по чекор според предвидениот план, со што Марена го добива својот нов и лик кој ќе им служи на сегашните, но и на идните генерации.