Вработените во Општина Росоман добија нов Колективен договор со кој дополнително се уредуваат нивните права, обврски и одговорности што произлегуваат од работниот однос. Информацијата преку својот Фејсбук профил ја сподели градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски.
Според Крстевски, со овој документ се создава цврста основа за подобри услови за работа, поголема социјална сигурност и почитување на работничките права, но истовремено се дефинираат и јасни обврски за секојдневното работење.
„Нашата цел е заедничка — да изградиме поефикасна, поодговорна и пофункционална општинска администрација, која навремено и професионално ќе одговара на потребите на граѓаните. Подобрувањето на условите за вработените мора да оди паралелно со поголема посветеност, одговорност и квалитет во услугите што ги добиваат граѓаните“, порача градоначалникот Крстевски.
Тој додаде дека со меѓусебно почитување на правата и доследно исполнување на обврските, локалната самоуправа продолжува да се гради како вистински, модерен и ефикасен сервис за сите жители на Општина Росоман.