ЦРНА ХРОНИКА ТИКВЕШИЈА: Упаднал во туѓ двор со моторна пила, фалсификувал табличка за бесплатно паркирање и злоупотреба на социјални мрежи

Инцидент со моторна пила во неготинско, како и неколку случаи на измама, кражба и фалсификување во Кавадарци се забележани во најновиот полициски билтен на СВР Велес. Со моторна пила упад во комшиски двор во Црвени Брегови Ноќеска (12.08.2026) во 02:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 41-годишниот С.А. од селото Црвени […]

Кавадарци: Пијан возач без дозвола, физички напади врз малолетници и нарушен јавен ред

Сообраќаен прекршок со висок процент на алкохол во крвта, нарушување на јавниот ред и мир, како и два физички напади се забележани во полицискиот билтен на ОВР Кавадарци за изминатите 24 часа. Приведен пијан возач без возачка дозвола во 2 часот по полноќ Ноќеска (11.08.2026) во 02:40 часот, на улицата „Браќа Џунови“ во Кавадарци, полициски […]

По 30 години, Кавадарци добива современ дом за стари лица: Инвестиција од 3,7 милиони евра

Општина Кавадарци го прави првиот конкретен чекор за решавање на деценискиот проблем со сместувањето и грижата за постарите граѓани. По повеќе од 30 години, избрана е компанија-изведувач и подготовката за изградба на нов, современ дом за стари лица е во завршна фаза, објави градоначалникот Митко Јанчев во гостувањето во емисијата „ТВ Објектив“ на КТВ Телевизија. […]

ВМРО-ДПМНЕ: ПОВТОРНО ПОЛИТИЧКИ МАНИПУЛАЦИИ СО ЛОЗАРИТЕ – НАМЕСТО ФАКТИ, СДСМ НУДИ ПАНИКА!

Повторно сме сведоци на обид на СДСМ, преку политички конструкции и манипулации, да создава паника кај лозарите непосредно пред бербата. Наместо факти – манипулации. Наместо решенија – партиски памфлети. Тврдењето дека „власта ги предала лозарите“ е целосно неточно и претставува уште еден очаен обид на СДСМ реалната загриженост на лозарите да ја злоупотреби за дневнополитички […]

СДСМ КАВАДАРЦИ: ГРОЗЈЕТО ПРЕД БЕРБА. ВЛАСТА ГИ ПРЕДАДЕ ЛОЗАРИТЕ!

Бербата на Вранецот е пред самиот почеток, а лозарите од Тиквешијата повторно влегуваат во најважниот период од годината со истата стара неизвесност, а тоа е по која цена ќе го продадат грозјето и дали ќе можат да ги покријат трошоците за цела година работа. Откупните цени годинава се утврдени на 21,8 денари за килограм Вранец […]

Јанчев најави нови инвестиции на Михајлово: Ќе се гради нова ски-патека и ски-лифт за новата сезона (видео)

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во своето гостување во емисијата „ТВ Објектив“ на КТВ Телевизија најави значајни инвестиции во развојот на ски-центарот Михајлово. Како што истакна тој, веќе се обезбедени потребните средства и ресурси за градежните активности кои ќе се реализираат навреме за претстојната зимска сезона. Поголем капацитет и модернизација Проектот предвидува изградба на […]

ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ КАВАДАРЦИ БЕЗ ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ СУПЕРЛИГАШ ?

ПОКРАЈ ПРОБАСКЕТ ЛИЦЕНЦА НЕ ДОБИ И ЧЕТИРИКРАТНИОТ ШАМПИОН БАСКЕТ КАМ Она што го направи во машката кошарка Кошаркарската федерација на Македонија го прави и во женската. Имено Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига – жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона […]

Кавадарчанец го нарушувал јавниот ред пред градскиот базен

Дваесет и седумгодишен кавадарчанец бил лишен од слобода откако во пијана состојба го нарушил јавниот ред и мир пред Градскиот базен во Кавадарци, информираат од СВР Велес. Инцидентот се случил вчера (09.08.2026 година) во 16:50 часот, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле П.М. (27) од Кавадарци. Според полицискиот извештај, тој се однесувал дрско […]

Рамов : Советот на Општина Кавадарци е храм на демократијата и гласот на сите граѓани (видео)

Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, во своето гостување во емисијата „ТВ Објектив“ на КТВ Телевизија даде отчет за досегашната работа на Советот, истакнувајќи дека по изминати осум месеци функција во рамките на овој мандат, локалниот совет демонстрира висок степен на ефикасност и конструктивност. Во изминатиот период Советот одржал 12 редовни и […]

Градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар се во напредна фаза

Кавадарци продолжува со интензивни инвестиции во локалната патна инфраструктура. Изградбата на новиот кружен тек на Северен Булевар напредува со брзо темпо, со што градот добива уште еден значаен капитален проект за подобрување на урбаното живеење. Овој инфраструктурен зафат има за цел значително да го подобри сообраќајниот проток во овој дел од градот, да ја зголеми […]