ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ КАВАДАРЦИ БЕЗ ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ СУПЕРЛИГАШ ?

ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ КАВАДАРЦИ БЕЗ ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ СУПЕРЛИГАШ ?


ПОКРАЈ ПРОБАСКЕТ ЛИЦЕНЦА НЕ ДОБИ И ЧЕТИРИКРАТНИОТ ШАМПИОН БАСКЕТ КАМ

Она што го направи во машката кошарка Кошаркарската федерација на Македонија го прави и во женската. Имено Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига – жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Баскет Кам и Про Баскет Кавадарци.

Во текот на постапката, двата клуба биле навремено известени за констатираните недостатоци во доставената документација, како и за условите што требаше да ги исполнат за успешно завршување на постапката.

И покрај дадените насоки и оставениот рок за отстранување на утврдените недостатоци, клубовите не ги исполнија условите пропишани со Системот за лиценцирање. Согласно донесената одлука на Комисијата за лиценцирање, на ЖКК Баскет Кам и Про Баскет Кавадарци не им е издадена лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27.


Според информациите од ЖКК Про Баскет федерација донела одлука за недобивање на лиценца поради неплатен долг од цели 20.800 денари за минатата натпреварувачка сезона. Ако претворите во странска валута добивата факт дека Пробаскет не доби лиценца бидејки на Федерацијата и должи „смешни“ 300 евра.

Клубот оваа недела треба да го плати долгот за да продолжи со лиценцирањето не информираа од ЖКК Пробаскет.