Градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар се во напредна фаза

Градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар се во напредна фаза

Кавадарци продолжува со интензивни инвестиции во локалната патна инфраструктура. Изградбата на новиот кружен тек на Северен Булевар напредува со брзо темпо, со што градот добива уште еден значаен капитален проект за подобрување на урбаното живеење.

Овој инфраструктурен зафат има за цел значително да го подобри сообраќајниот проток во овој дел од градот, да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и да овозможи значително полесно и побрзо движење на граѓаните и возилата.

Со новиот кружен тек се намалува сообраќајниот метеж. Се добива поголема сигурност за возачите и пешаците на една од најфреквентните сообраќајни точки.

Реализацијата на овој значаен проект е поддржана од компанијата „Лидл“, на која Општина Кавадарци ѝ изразува посебна благодарност за донацијата и општествената одговорност. Со заедничка соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, продолжува градењето на модерна, функционална и современа урбана средина.

Општина Кавадарци останува фокусирана на континуирани инвестиции во инфраструктурата со цел создавање подобри услови и покаченост на квалитетот на секојдневниот живот за сите свои граѓани.