КАВАДАРЦИ ДОБИВА МЛАДИНСКИ ИНОВАТИВНИ ХАБОВИ: Нова можност за претприемаштво и креативност кај младите

Со цел да се поттикне претприемачкиот дух, креативноста и иновативноста кај младите генерации, вчера се одржа работен состанок за отворање на младински иновативни хабови во Кавадарци.Иницијативата потекнува од координаторката на Канцеларијата на ОН во Скопје, г-ѓа Рита Колумбија, која заедно со својот тим оствари средба со претставници од Секторот за локален економски развој и Секторот […]

Крстевски: Росоман добива нов лик со инвестиции во инфраструктурата и уредувањето на јавниот простор (видео)

Денес, по повод една година од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Росоман, сакам отворено, транспарентно да дадеме отчет за она што го сработивме во изминатите дванаесет месеци. Пред една година ја презедов одговорноста да ја водам Општина Росоман со јасна цел – повеќе работа на терен, домаќинско управување со средствата на граѓаните, решавање на […]

Напредуваат градежните активности за новиот спортски комплекс во Кавадарци – објектот од 118 милиони денари добива своја форма

Со засилено темпо напредува изградбата на новиот мултифункционален објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци. Проектот, кој постепено ги добива своите конечни контури на терен, има за цел дополнително да ги унапреди спортските капацитети и условите за спортистите во градот. Новиот објект се простира на површина од 1.000 квадратни метри во основа и […]

Физичка пресметка во Неготино: Тепачка меѓу тројца мажи на улицата „Браќа Миладинови“

Нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка било регистрирано синоќа во Неготино, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот бил пријавен на 9 септември 2026 година, околу 22:00 часот, во полицијата во Неготино. Според пријавата, на улицата „Браќа Миладинови“ дошло до физички пресметки во кои учествувале три лица: од едната страна бил 31-годишниот […]

МВР: Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР Велес

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес. По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи […]

Д-р Горан Колевски е нов директор на Општата болница во Кавадарци

Денес во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци официјално се изврши примопредавањето на директорската функција. За нов раководител на оваа здравствена установа е именуван д-р Горан Колевски. Toj e специјализант по анестезиологија со интензивно лекување. Преку официјално соопштение на нивната фејсбук-страница, од болницата упатија јавна благодарност до досегашната директорка, д-р Гордана Ѓорчева Камчева, […]

Општина Кавадарци на семинар во Кина: Се отвораат нови можности за инвестиции во обновливи извори на енергија и подобро управување со отпадот

Општина Кавадарци зема активно учество на меѓународниот семинар на тема „Зачувување на енергијата, намалување на емисиите и развој на технологии за нови енергии“, што се одржува во Народна Република Кина. На овој значаен настан, локалната самоуправа ја претставува секретарот на Општина Кавадарци, Тодор Ефремов. Семинарот е во организација на Институтот за биогас (БИОМА), кој функционира […]

Свечена седница по повод денот на ослободувањето на Кавадарци: доделени наградите „7 ми септември“

Со достоинствена церемонија, интонирање на државната химна, присуство на советници, пратеници и голем број гости, Советот на Општина Кавадарци деенска одржа Свечена седница по повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кавадарци. На седницата беа упатени пораки за почитување на историјата, континуиран развој на градот и беа доделени традиционалните општински награди и признанија. Седницата […]

Кавадарци раскажа уште една винска приказна под отворено небо: Успешно заврши „Тиквешки гроздобер 2026“ (фото)

КАВАДАРЦИ — Со спектакуларен огномет точно во еден часот по полноќ синоќа, официјално беше заокружено уште едно незаборавно издание на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер 2026“. Од 4 до 6 септември, Кавадарци повторно пулсираше во ритамот на виното, традицијата и добрата забава, потврдувајќи го својот статус како винска престолнина на регионот. Во организација и реализација на […]

Кавадарци одбележува 82 години слобода: Почит за хероите кои го дадоа животот за идните генерации (фото)

Со низа свечености и со положување свежо цвеќе пред споменикот на револуцијата, Кавадарци денеска достоинствено и со голема гордост одбележува 82 години од ослободувањето на градот. На овој историски датум, граѓаните и општинските делегации, предводени од градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот, д-р Стојанчо Рамов им оддадоа почит на сите херои кои со својата […]