Со цел да се поттикне претприемачкиот дух, креативноста и иновативноста кај младите генерации, вчера се одржа работен состанок за отворање на младински иновативни хабови во Кавадарци.Иницијативата потекнува од координаторката на Канцеларијата на ОН во Скопје, г-ѓа Рита Колумбија, која заедно со својот тим оствари средба со претставници од Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при Општина Кавадарци.
Предвидените активности ќе се реализираат преку заедничка соработка и поддршка од:Општина Кавадарци и локалната самоуправа, Бизнис секторот во регионот,Средношколците како главни корисници и носители на идеите,Канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) со клучна поддршка во процесот.
Според официјалните демографски податоци, Општина Кавадарци важи за општина со најмлада популација во државата, што ја прави идеална локација за стартување на еден ваков пилот-проект посветен на младинскиот потенцијал.