Кавадарци одбележува 82 години слобода: Почит за хероите кои го дадоа животот за идните генерации (фото)

Кавадарци одбележува 82 години слобода: Почит за хероите кои го дадоа животот за идните генерации (фото)

Со низа свечености и со положување свежо цвеќе пред споменикот на револуцијата, Кавадарци денеска достоинствено и со голема гордост одбележува 82 години од ослободувањето на градот.

На овој историски датум, граѓаните и општинските делегации, предводени од градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот, д-р Стојанчо Рамов им оддадоа почит на сите херои кои со својата храброст и несебична жртва ја извојуваа слободата и ги поставија темелите за развојот на идните генерации.

Од одбележувањето беше испратена порака дека слободата не е само чест, туку и постојана обврска која мора внимателно да се чува, почитува и пренесува на оние кои доаѓаат по нас.

Честит 7 Септември! Нека е вечна слободата и нека живее Кавадарци!