ТРИ СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ ЗА Ф.А. „ТИКВЕШ“ НА „РУДИНА ФЕСТ“ ВО ЧЕГРАНЕ

.Играорците и оркестарот на ФА ,,Тиквеш’’ на завршната вечер на ,,Рудина Фест’’ во Чегране – гостиварско се претставија со фрагмент од кореографијата ,,Пијанец’’ и сценските адаптации ,,Малешевија’’ и ,,Копачка’’, како и песните ,,Што ми се нешто белее’’ и ,,Слнце се слега да зајде’’ и од страна на жирито на фестивалот се закитија со следните специјални […]

Приведен 32-годишник во кавадаречко: Пијан напаѓал сограѓани со остар и дрвен предмет

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во селото Крњево го лишиле од слобода Г.Т. (32) од Кавадарци, кој под дејство на алкохол физички напаѓал и се заканувал на сограѓани. Според информациите од МВР, против него биле поднесени две пријави. Прво, околу 11:30 часот во близина на селото Бохула, тој му се заканувал и го нападнал […]

Поставени и обновени сообраќајни знаци низ Кавадарци за поголема безбедност

Во населбата Бел Камен се поставени нови сообраќајни знаци, а паралелно со тоа е извршена поправка и замена на оштетената сигнализација на повеќе улици низ Кавадарци. Со овие активности значително се подобрува прегледноста на патиштата и се создаваат побезбедни услови за движење и на возачите и на пешаците. Општина Кавадарци најавува дека продолжува со континуираното […]

Пожар во Росоман

Денес на територијата на Општина Росоман избувна пожар, при што веднаш интервенираа екипите на Територијалната противпожарна единица Кавадарци и ЈПКД Росоман. Како што информираат од општината, во моментов пожарот е ставен под контрола, а надлежните служби сè уште се на терен и активно работат на негово целосно локализирање и гаснење. -Благодарност до пожарникарите, вработените во […]

По 10 години затвор за тројцата кавадарчани за убиството пред казиното во центарот на Кавадарци

По 10 години затворска казна за секој од тројцата обвинети изрече Кривичниот совет при Основниот суд во Кавадарци за убиството на 43-годишниот П.Т., кое се случи минатата година во центарот на градот. За виновни за кривичното дело „убиство“ беа прогласени кавадарчаните Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28). „Во кривичниот предмет немаше признание на вина. […]

Тампонирање на патот до црквата во с.Дабниште

Општина Кавадарци продолжува  со подобрување на патната инфраструктура во сите населени места. По барање на Месната заедница Дабниште, се изврши тампонирање на патот кој води до црквата „Св. Ѓорѓија“ со што значително се подобрува пристапот до ова свето место. Беа вградени околу 250 м³ тампон, на делница во должина од приближно 1 километар. Реализацијата беше […]

Завршена реконструкцијата на главниот цевковод Стагово-Крњево (видео)

Комплетно завршена е реконструкција на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари.

Граѓаните на Росоман директно ќе одлучуваат за проект вреден 15.000 долари

Во Општина Росоман официјално започна првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, каде што локалното население ќе има директно учество во носењето одлуки. Преку овие форумски сесии, граѓаните ќе може сами да го изберат приоритетниот проект за развој на нивната општина. Проектот што ќе добие најголема поддршка ќе биде финансиран со […]

СДСМ  бара проверка на водата во Велес и во цела Македонија

СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места.  Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување. Дури и […]

Градскиот базен денес нема да работи поради ладниот бран

Поради најавениот ладен бран и значително пониските температури, Градскиот базен денес е затворен за посетители. Од локалната самоуправа информираат дека одлуката е донесена со цел заштита на здравјето, безбедноста и удобноста на сите посетители, со посебен фокус на најмладите. Базенот продолжува со редовно работно време утре, од 10:00 часот, кога сите љубители на забавата и […]