Поставени и обновени сообраќајни знаци низ Кавадарци за поголема безбедност

Поставени и обновени сообраќајни знаци низ Кавадарци за поголема безбедност

Во населбата Бел Камен се поставени нови сообраќајни знаци, а паралелно со тоа е извршена поправка и замена на оштетената сигнализација на повеќе улици низ Кавадарци.

Со овие активности значително се подобрува прегледноста на патиштата и се создаваат побезбедни услови за движење и на возачите и на пешаците.

Општина Кавадарци најавува дека продолжува со континуираното уредување и одржување на сообраќајната инфраструктура, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на живот на сите граѓани.