Општина Кавадарци продолжува со подобрување на патната инфраструктура во сите населени места.
По барање на Месната заедница Дабниште, се изврши тампонирање на патот кој води до црквата „Св. Ѓорѓија“ со што значително се подобрува пристапот до ова свето место. Беа вградени околу 250 м³ тампон, на делница во должина од приближно 1 километар. Реализацијата беше овозможена со донација од компанијата Кожувчанка.
Заеднички продолжуваме да создаваме подобри услови за сите наши сограѓани – велат од локалната самоуправа.