Поради најавениот ладен бран и значително пониските температури, Градскиот базен денес е затворен за посетители.
Од локалната самоуправа информираат дека одлуката е донесена со цел заштита на здравјето, безбедноста и удобноста на сите посетители, со посебен фокус на најмладите.
Базенот продолжува со редовно работно време утре, од 10:00 часот, кога сите љубители на забавата и рекреацијата се повторно добредојдени.