УСПЕШНО СПРЕЧЕНО ШИРЕЊЕ НА ПОГОЛЕМ ПОЖАР ВО СЕЛО СИРКОВО (видео)

ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА ЗАЕДНО СО ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ИМАШЕ УШТЕ ЕДНА БРЗА И НАВРЕМЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА. Благодарение на брзата и навремена интервенција на Противпожарната единица, и со помош на локалното население, вчера беше спречено ширење на поголем пожар во с. Сирково. Општина Росоман и градоначалникот Ѓорѓи Крстевски упатуваат искрена благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето и со […]

Пожарот во село Раец ставен под контрола: Ангелов и Јанчев со детали за состојбата на теренот (видео)

Пожарот што го зафати регионот околу селото Раец, општина Кавадарци, е целосно ставен под контрола благодарение на брзата и координирана интервенција на противпожарните служби, локалната самоуправа и надлежните државни институции. Големиот пожар кој се закануваше да се прошири во атарот на селото Раец е локализиран и ставен под контрола. На терен беа ангажирани значајни ресурси […]

Општина Кавадарци и УНДП ги координираат проектните активности со граѓанските организации во рамки на ReLOaD3

Општина Кавадарци, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) преку програмата ReLOaD3, одржа координативен состанок со претставниците на граѓанските организации кои се добитници на грантови. Главната цел на состанокот беше навремено информирање за сите чекори во процесот на имплементација на проектните активности. Со ова се обезбедува континуирана координација, висока отчетност и транспарентност […]

Приведен 74-годишен неготинец: Не почитувал судска забрана и им се заканувал на сопругата и ќерката

Седумдесет и четиригодишен маж од Неготино е лишен од слобода откако ја прекршил судската мерка за забрана за закани и повторно вршел семејно насилство, информираат од СВР Велес. Инцидентот се случил вчера (30.07.2026) околу 10:30 часот, кога полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ. (74) од Неготино. Полицијата постапувала по претходна пријава […]

ДВЕ КАВАДАРЧАНКИ ВО СОСТАВОТ НА ЈУНИОРСКАТА КОШАРКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

.ЛИЛЈАНА ЃОРЃИЕВА И ДУШИЦА МИЦЕВА КЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РОМАНИЈА. Женската кошаркарска репрезентација на Македонија „Под 18“ години од утре во Тулчеа во Романија, ке биде дел од Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ке се одржи од 31 јули до 9 август. На овој континентален собир ќе учествуваат 20 национални селекции, […]

Завршено второто прскање против комарци во Кавадарци

Утринава беше спроведено второто авионско третирање против комарци на територија на Општина Кавадарци. Третирањето го изврши фирмата ДВУ РИМИН ЕР ДООЕЛ Штип. Со истото беше опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште – информираат од локалната самоуправа.

Приведена 49-годишна неготинчанка: Се заканувала и кршела прозори на здравствена установа, аптека и продавница

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера (29.07.2026), во 08:30 часот, ја лишиле од слобода Б.Т. (49) од Неготино поради нарушување на јавниот ред и мир и уништување имот. Според пријавеното во полицијата, таа најпрво им се заканувала на вработени пред здравствена установа во Неготино, фрлала со тврди предмети кон нив и искршила дел од прозорците […]

Во Моклишкиот манастир се одржа Ликовна колонија

Во рамките на овогодишното „Кавадаречко културно лето“, денеска во прекрасниот и спокоен амбиент на манастирот „Св. Никола“ во Моклиште се одржа традиционалната Ликовна колонија, реализирана во успешна соработка со Здружението на роднокрајци. Настанот собра голем број уметници и љубители на уметноста, кои на своите платна ја преточија природната убавина, духовноста и богатото културно-историско наследство на […]

Општина Кавадарци објави повик за закуп на деловни единици во новиот Био пазар

Новиот Био пазар во Кавадарци е во завршна фаза на изградба и наскоро официјално ќе биде ставен во функција. Во пресрет на отворањето, Општина Кавадарци упатува јавен повик за прибирање интерес за закуп на деловните единици во рамки на овој современ содржински комплекс. Повикот е наменет за сите заинтересирани: Со ставањето во функција на новиот […]

Општина Кавадарци постави „лежечки полицајци“ на крстосница во Глишиќ за поголема безбедност во сообраќајот

Со цел значително зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општина Кавадарци постави нови средства за смирување на сообраќајот на фреквентната крстосница меѓу улиците „Шишка“ и „27 Март“ во селото Глишиќ. Со оваа сообраќајна интервенција директно се влијае врз намалувањето на брзината на движење на возилата на оваа локација, со што се овозможува значително […]