Општина Кавадарци постави „лежечки полицајци“ на крстосница во Глишиќ за поголема безбедност во сообраќајот

Општина Кавадарци постави „лежечки полицајци“ на крстосница во Глишиќ за поголема безбедност во сообраќајот

Со цел значително зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општина Кавадарци постави нови средства за смирување на сообраќајот на фреквентната крстосница меѓу улиците „Шишка“ и „27 Март“ во селото Глишиќ.

Со оваа сообраќајна интервенција директно се влијае врз намалувањето на брзината на движење на возилата на оваа локација, со што се овозможува значително побезбедно одвивање на сообраќајот и поголема заштита на пешаците и сите жители од овој дел на населеното место.

Од Општина Кавадарци истакнуваат дека безбедноста на сите граѓани останува еден од нивните клучни приоритети. Најавено е дека ваквите активности за поставување соодветна сообраќајна опрема и унапредување на инфраструктурата ќе продолжат и во наредниот период на други критични локации каде што има потреба од подобрување на безбедноста.