Новиот Био пазар во Кавадарци е во завршна фаза на изградба и наскоро официјално ќе биде ставен во функција. Во пресрет на отворањето, Општина Кавадарци упатува јавен повик за прибирање интерес за закуп на деловните единици во рамки на овој современ содржински комплекс.
Повикот е наменет за сите заинтересирани:
- Земјоделци и органски производители,
- Производители на традиционална и домашна храна,
- Пчелари,
- Мали семејни бизниси,
- Сите останати заинтересирани стопански субјекти.
Со ставањето во функција на новиот Био пазар, производителите од регионот ќе добијат современ, уреден и соодветен простор за пласман и промоција на своите автентични и природни производи, а граѓаните на Кавадарци нов центар за набавка на здрава и домашна храна.