.
ЛИЛЈАНА ЃОРЃИЕВА И ДУШИЦА МИЦЕВА КЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РОМАНИЈА.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија „Под 18“ години од утре во Тулчеа во Романија, ке биде дел од Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ке се одржи од 31 јули до 9 август. На овој континентален собир ќе учествуваат 20 национални селекции, а трите најдобропласирани репрезентации ќе обезбедат место во елитната Дивизија „А“.
Македонските јуниорки ќе се натпреваруваат во групата „Д“, заедно со селекциите на Данска, Грција, Велика Британија и Словачка. Ова ЕП ке биде посебно интересно за кавадаречките љубители на кошарката бидејки во составот на репрезентацијата има и две кавадарчанки членки на КК Пробаскет Лилјана Ѓорѓиева и Душица Мицева селекции на ЕП се поделени во четири групи (со по пет репрезентации) од кои првопласираните две од секоја група ќе обезбедат пласман во ТОП 8 фазата, односно онаа преку која ќе се бараат идните учесници на ЕП од Дивизијата „А“ во оваа возрасна категорија.
Во вториот дел кој почнува на 7.август, ќе се играат елиминациски натпревари според системот (А1-Б2, Д1-Ц2, Б1-А2, Ц1-Д2). Четирите победници во четвртфиналето, обезбедуваат пласман во полуфиналето, поразените ќе разигруваат за пласман од 5. до 8. место.
Репрезентациите кои првата фаза ќе ја завршат на третото односно на четврттото место ќе играат за пласман од 9. до 16. место, додека пак оние кои ќе бидат петтопласирани ќе разигруваат за позициите од 17. до 20. Нашата женска јуниорска репрезентација утре 31. јули (петок) ке се сретне со селекцијата на Данска. На 1.август Македонија ќе игра против Грција, a ден подоцна на Илинден нашите јуниорки, ги чека средбата со селекцијата на Велика Британија.
По два дена пауза, во среда на 5.август нашите девојки за противник ке ја имаат репрезентацијата на Словачка. Натпреварите се играат во две сали на Арената „Поливалента“ во Тулчеа.