УСПЕШНО СПРЕЧЕНО ШИРЕЊЕ НА ПОГОЛЕМ ПОЖАР ВО СЕЛО СИРКОВО (видео)

УСПЕШНО СПРЕЧЕНО ШИРЕЊЕ НА ПОГОЛЕМ ПОЖАР ВО СЕЛО СИРКОВО (видео)


ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА ЗАЕДНО СО ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ИМАШЕ УШТЕ ЕДНА БРЗА И НАВРЕМЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА.

Благодарение на брзата и навремена интервенција на Противпожарната единица, и со помош на локалното население, вчера беше спречено ширење на поголем пожар во с. Сирково. Општина Росоман и градоначалникот Ѓорѓи Крстевски упатуваат искрена благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето и со својата пожртвуваност придонесоа за заштита на имотот и природата.

Се апелира до сите граѓани да бидат максимално внимателни, да не палат оган на отворен простор, да не фрлаат отпушоци од цигари и веднаш да пријават доколку забележат пожар или чад. Со заедничка одговорност може да се спречат пожарите и да се заштити целата територија на општина Росоман.