СДСМ: Мицкоски во паника – истрагата во Унгарија ја отвора Пандорината кутија

Истрагата што новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја отвори за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски, не е обична финансиска проверка.  Тоа е почеток на процес што директно води кон Мицкоски и неговата организирана криминална група. Ова е истиот оној кредит кој Европа во своите извештаи го квалификуваше […]

Градскиот базен денес нема да работи поради ладниот бран

Поради најавениот ладен бран и значително пониските температури, Градскиот базен денес е затворен за посетители. Од локалната самоуправа информираат дека одлуката е донесена со цел заштита на здравјето, безбедноста и удобноста на сите посетители, со посебен фокус на најмладите. Базенот продолжува со редовно работно време утре, од 10:00 часот, кога сите љубители на забавата и […]

Кавадаречко културно лето: Вечер исполнета со македонска народна песна и кавадаречки мелос

Во рамки на „Кавадаречко културно лето 2026“, Здружението на пензионери од Кавадарци и Росоман приреди прекрасна музичка вечер, исполнета со изворни македонски песни, препознатливи кавадаречки мелодии и добро расположение. Публиката уживаше во настапот, наградувајќи ги учесниците со силен аплауз и искрена поддршка, уште еднаш потврдувајќи дека народната песна и традицијата имаат посебно место во срцата […]

Продолжуваат настапите на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“

Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“, кој работи при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, продолжува со интензивните летни настапи, овојпат на фолклорните фестивали низ Македонија. Во деновите кои доаѓаат ги очекуваат настапи на фестивалите во Битола, Делчево, Демир Капија, а вечерва се на завршната вечер на 6-от Меѓународниот фолклорен фестивал “Фолк фест Рудина“ во Гостивар.

Кампања на МВР и РСБСП за безбедно управување на лесни електрични возила (видео)

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека во сила е Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објавен во Службен весник на 06.07.2026. Со овој закон, меѓу останатото се направени измени и дополнувања на правилата кои го регулираат сообраќајот на електричните тротинети и тоа: – Направена е измена […]

Променливото време продолжува и наредните денови

Утре ќе се задржи променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Т до 27 степени. За време […]

Високо украинско признание за градоначалникот Митко Јанчев (видео)

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска официјално го прими Орденот за заслуги доделен од страна на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Високото државно признание му беше предадено од страна на амбасадорката на Украина во Македонија, Н.Е. Лариса Дир. Ова одликување претставува признание за континуираната поддршка, солидарност и соработка помеѓу двете земји на локално и […]

Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат  со наталожени проблеми, недостиг на кадар, долги […]

Кавадарчанец возел без положен возачки испит

Синоќа во 20:10 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне […]

Филипче: Здравствениот систем е во колапс, државата не го штити здравјето на граѓаните (видео)

Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност […]