Синоќа во 20:10 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Велес.
