Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“, кој работи при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, продолжува со интензивните летни настапи, овојпат на фолклорните фестивали низ Македонија.
Во деновите кои доаѓаат ги очекуваат настапи на фестивалите во Битола, Делчево, Демир Капија, а вечерва се на завршната вечер на 6-от Меѓународниот фолклорен фестивал “Фолк фест Рудина“ во Гостивар.
