Во рамки на „Кавадаречко културно лето 2026“, Здружението на пензионери од Кавадарци и Росоман приреди прекрасна музичка вечер, исполнета со изворни македонски песни, препознатливи кавадаречки мелодии и добро расположение.
Публиката уживаше во настапот, наградувајќи ги учесниците со силен аплауз и искрена поддршка, уште еднаш потврдувајќи дека народната песна и традицијата имаат посебно место во срцата на сите генерации.





