(видео) Кралицата на ориенталниот танц на Балканот, Елена Вукановска, го освои Кипар со два златни медали

Mакедонката Елена Вукановска оствари значаен меѓународен успех, освојувајќи две златни медали на престижен фестивал по ориентален танц, кој се одржа во Кипар. Фестивалот се одржа во хотелот со пет ѕвезди, а беше организиран со поддршка на една од најреномираните светски организации во областа на танцот. Вукановска настапи во четири категории, при што освои две златни […]

(ВИДЕО) Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш — „Секој живот е важен“

Секое патување започнува со една едноставна одлука — да седнеш зад воланот. Најчесто мислиме дека сѐ е под наша контрола и дека ништо не може да тргне наопаку, но реалноста на патот предупредува дека е доволен само еден момент за да се изгуби вниманието. Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на […]

Санкционирани 178 прекршоци кај мотоциклистите: 13 лишени од слобода, пет возила одземени

Во текот на вчерашниот ден (27.07.2026), во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на територијата на целата држава беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и лесни електрични возила. При контролата се регистрирани и санкционирани вкупно 178 возачи на мотоцикли. Од нив, дури 156 возачи биле затекнати без […]

Полицијата во Гостивар уапси две лица за организирање борби со кучиња

Полициски службеници од ОВР Гостивар денеска (29.07.2026) во 01:30 часот ги лишија од слобода Г.Ј. (44) од село Топлица и А.А. (46) од село Чегране, поради основано сомневање за сторено кривично дело „мачење животни“. Наноќта на 28 јули, околу 23:45 часот на влезот во селото Топлица, полициска патрола од Полициското одделение Галате затекнала група граѓани […]

Поднесена кривична пријава за три лица за „давање награда за противзаконито влијание“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „примање поткуп“

На 27.07.2026, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица. А.Т.(27) од Битола заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а ст.2 в.в. ст.1, С.Ч.(56) од […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти

Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите […]

Левица: Мицкоски се фали со „економски раст“, додека граѓаните осиромашуваат и Владата ја трупа државата со долгови

Само еден ден откако Владата најави ново задолжување преку МЕПСО, М-НАВ и Лотарија, Мицкоски се пофали дека Македонија има повисок економски раст од просекот на Европската Унија. Ако економијата навистина бележи таков раст, тогаш зошто државата од месец во месец бара нови задолжувања, додека граѓаните плаќаат сè поскапа храна, повисоки сметки и живеат со сè […]

СДСМ: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со “Скопје 2028”

Додека во Собранието од денес влегува во постапка Предлог-законот за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, кој предвидува и  основање на Фондација, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе го назначи екс директорот на МРТ, Марјан Цветковски за директор на Фондација која правно сè уште не постои. Ова назначување го отвара наједноставното, најлогично, но и најсуштинско […]

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, но се воведува засилен здравствен надзор

Акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, но здравствените власти остануваат на опрез поради ризик од нови заразни заболувања, информираше денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. Досега се регистрирани 869 формални пријави и епидемиолошки се анкетирани 602 лица, додека во последните четири дена бројот на дневни прегледи се движи меѓу 80 и 125. […]

СДСМ: За труењето на граѓаните низ цела Македонија мора да има кривична одговорност

Јавноста сè уште нема добиено официјален, потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Кои параметри покажуваат дека водата е безбедна за употреба?, рече портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска на денешната прес конференција. „Додека граѓаните чекаат, водата […]