Секое патување започнува со една едноставна одлука — да седнеш зад воланот. Најчесто мислиме дека сѐ е под наша контрола и дека ништо не може да тргне наопаку, но реалноста на патот предупредува дека е доволен само еден момент за да се изгуби вниманието.
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатуваат сериозно предупредување до сите возачи за опасностите од користење мобилен телефон зад воланот.
Податоците укажуваат на застрашувачки фактори: при брзина од 80 километри на час, само една секунда невнимание значи повеќе од 20 метри поминати возејќи практично „на слепо“.
Дали вреди?
Држете го погледот на патот. Твојот живот — и животите на останатите учесници во сообраќајот — зависат од таа една одлука. Животот е премногу вреден за да се изгуби поради еден мал момент на невнимание.
Возете внимателно, не користете мобилен телефон додека управувате со возило и не заборавајте: „Секој живот е важен!“