Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, но се воведува засилен здравствен надзор

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, но се воведува засилен здравствен надзор

Акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, но здравствените власти остануваат на опрез поради ризик од нови заразни заболувања, информираше денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

Досега се регистрирани 869 формални пријави и епидемиолошки се анкетирани 602 лица, додека во последните четири дена бројот на дневни прегледи се движи меѓу 80 и 125.

Во консултација со Комисијата за заразни болести е одлучено да се воведе засилен надзор во постакутната фаза, со фокус на навремено откривање на хепатит А, хепатит Е и други заразни заболувања. За таа цел, до здравствените установи и матичните лекари ќе бидат испратени детални упатства за постапување.

Министерството за здравство исто така започнува детална анализа на сите податоци од 1 јуни наваму, со цел објективно да се утврди текот на епидемијата и реакцијата на системот, за што јавноста ќе биде дополнително информирана.