СДСМ: Катастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерии, а резултатите дури на 20 август

Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август. Во водата има опасни бактерии, […]

Попов: Одговорните економски политики даваат резултат, јавниот долг се намалува

Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот […]

MOН: Годинава државната матура со просечна оценка 3,66

Матурантите во учебната 2025-2026 година го завршија полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок со 3,66 средна оценка, пресметана по поднесени и разгледани приговори по објавените прелиминарни резултати. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Полагањето се одвиваше по нов модел, а предизвиците од изминатите години беа значително намалени. Министерката за образование […]

Заменик-министерот за здравство се сретна со претставници на ХЕМА-ОНКО

Заменик-министерот за здравство се сретна со претставници на ХЕМА-ОНКО Заменик-министерот за здравство,  Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита. Во […]

Манасиевски : СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓаните

СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе […]

Дрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзиција

Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката , со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.  Усвоивме нов Закон за енергетика, целосно усогласен со европските директиви и поздравен од Европската енергетска […]

Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

Гувернерот Трајко Славески излезе со статистика дека Македонија има подобра куповна моќ од седум земји во Европа. ВМРО додава дека имаме „најбрзо растечки минимални плати во ЕУ“-затоа што платите се меѓу најниските, а Мицкоски не дозволи зголемување на 600 евра. И сега ова треба да нè убеди дека добро живеат граѓаните? Значи ли ова дека народот можеме да си […]

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари. Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел […]

Поскапуваат горивата: Дизелот достигна 99,5 денари за литар

Од ноќеска на полноќ стапуваат на сила новите, повисоки цени на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според најновата одлука, цената на дизелот се зголемува и ќе се продава за 99,5 денари по литар. Поскапување има и кај останатите горива: Од РКЕ напоменуваат дека во денешната калкулација се пресметани намалените износи на акцизите […]

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар (видео)

Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија.  Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и […]