Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината. Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од […]

Мицкоски и на Илинден избра да дели – го лаже и го третира својот народ како „талог“ (видео)

Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот. Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди. Мицкоски […]

Филипче: Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори

Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им беше оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања -Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори […]

Стојаноски: Граѓаните во фокусот со новиот ребаланс на Буџетот

Третата суштинска порака на Ребалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Тоа се средства поврзани со социјалните надоместоци, здравствената заштита и обврските кон граѓаните кои не смеат да зависат од дневната политика. […]

Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје

Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал. Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? Почитувани […]

Состојба со западнонилска треска

Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство […]

Топлотниот бран носи нов ризик: АХВ со важни предупредувања за заштита од труење со храна

Новиот бран високи температури, кои во одредени региони од земјава ќе достигнат и до 40 степени, го зголемува ризикот од појава на труења со храна. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира граѓаните да бидат исклучително внимателни што јадат, каде пазарат и како ги чуваат продуктите. Високите температури претставуваат сериозна опасност и за здравјето на […]

55-та Семакедонска средба во Трново на Илинден

На 2 август, на големиот христијански празник Свети Пророк Илија – Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како една и единствена […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата

Со Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни. Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата каде што граѓаните очекуваат резултати. Ребалансот носи повеќе пари за општините, инфраструктурата и животната средина каде што следуваат конкретни инвестиции. Наместо средства што остануваат заробени во бирократијата, обезбедуваме повеќе инвестиции во општините, […]

СДСМ: 5 факти што ги потврдува Евростат за Мицкоски

Евростат објави поразителни податоци: Македонија е со најнизок животен стандард во Европа. На самото дно. Тоа граѓаните го знаат многу добро. Најниски плати. Празни џебови. Празни фрижидери. Но што говори објавата на Евростат за Христијан Мицкоски? Говори многу. И потврдува пет факти: 1.  Неговите економски политики се целосен дебакл. 2.  Лаже. 3.  Бајките за „трета […]