Јаневска: Среќен почеток на новата школска година, учете и не го бирајте насилството како решение

На првиот ден од учебната 2026/2027 година, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска го посети основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје, од каде им посака среќен почеток и многу успеси на сите ученици, родители, наставници и стручни соработници во државата. „Учете, затоа што знаењето е најголемата сила што можете да ја добиете. […]

Започна новата учебна година за основците и средношколците: Во Кавадарци на училиште тргнаа 282 првачиња

За вкупно 282 првачиња од оваа општина Кавадарци  денеска започна ново, возбудливо поглавје во животот. Споредено со минатата учебна година се бележи намалување од 27 првачиња.  Основните училишта ширум Кавадарци им приредија топло добредојде и свечен прием, посакувајќи им среќен почеток и успешна училишна година исполнета со знаење, другарство и нови успеси. Свечен прием беше […]

Јаневска: Со оптимизирана училишна мрежа, подобрени услови за настава и учебници за сите ученици, утре започнува новата учебна година

Новата учебна 2026-2027 година започнува утре и наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои завршуваат на 17 мај. Оптимизирана е училишната мрежа и во голем број училишта условите се значително подобрени. Обезбедени се учебници за сите, а за учениците со посебни образовни потреби, ангажирани се најмногу образовни асистенти досега. […]

Јанчев: Од септември уште две училишта преминуваат во едносменска настава, зачувани се сите работни места (видео)

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во гостувањето во емисијата „ТВ Објектив“ објави важни новости за модернизацијата на образованието и воведувањето на едносменската настава од претстојната училишна година. По повеќегодишни вложувања во инфраструктурата — реновирање училишта, нови покриви, изолации и изградба на спортски сали — Општина Кавадарци, во соработка со Министерството за образование, успешно ја […]

Јаневска: Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство – институциите ги зајакнуваат превентивните и казнените мерки

Во последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во училиштата. Тоа покажува дека обемот на насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи. Затоа, институциите на централно ниво, со поддршка на локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, ги зајакнуваат и […]

МОН: Страшен демографски пад – Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани

Бројот на запишани ученици и студенти продолжува драстично да опаѓа, а најкритична е состојбата во основното образование, алармираше денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Иако бројките сè уште не се дефинитивни поради претстојните уписни рокови, првичните анализи покажуваат поразителен тренд. Според Јаневска, дури и со дополнителните запишувања, учебната година ќе започне со најмалку […]

MOН: Годинава државната матура со просечна оценка 3,66

Матурантите во учебната 2025-2026 година го завршија полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок со 3,66 средна оценка, пресметана по поднесени и разгледани приговори по објавените прелиминарни резултати. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Полагањето се одвиваше по нов модел, а предизвиците од изминатите години беа значително намалени. Министерката за образование […]