Започна новата учебна година за основците и средношколците: Во Кавадарци на училиште тргнаа 282 првачиња

Започна новата учебна година за основците и средношколците: Во Кавадарци на училиште тргнаа 282 првачиња

За вкупно 282 првачиња од оваа општина Кавадарци  денеска започна ново, возбудливо поглавје во животот. Споредено со минатата учебна година се бележи намалување од 27 првачиња.  Основните училишта ширум Кавадарци им приредија топло добредојде и свечен прием, посакувајќи им среќен почеток и успешна училишна година исполнета со знаење, другарство и нови успеси.

Свечен прием беше приреден и за учениците кои го започнаа средното образование во трите средни училишта во Кавадарци.

Во продолжение пренесуваме дел од атмосферата во кавадаречките училишта на првиот училиштен ден.