Полициски службеници од ОВР Гостивар денеска (29.07.2026) во 01:30 часот ги лишија од слобода Г.Ј. (44) од село Топлица и А.А. (46) од село Чегране, поради основано сомневање за сторено кривично дело „мачење животни“.
Наноќта на 28 јули, околу 23:45 часот на влезот во селото Топлица, полициска патрола од Полициското одделение Галате затекнала група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења кои потекнувале од борба. Според сознанијата од истрагата, приведените лица претходно се договориле за организирање на борбите со кучиња.
При извршениот увид на лице место, во патничко моторно возило „фиат“ било пронајдено едно од повредените кучиња. Лицата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ОВР Гостивар против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.