Физички ги нападнал поранешната сопруга и ќерката

Физички ги нападнал поранешната сопруга и ќерката

Полициски службеници од ОВР Неготино вчераго лишиле од слобода 51-годишниот Д.Ѓ. од Неготино, по пријава за семејно насилство, информираат од СВР Велес.

Според полицискиот извештај, неговата 47-годишна поранешна сопруга пријавила дека тој физички ја нападнал на улицата „Маршал Тито“ во Неготино. Потоа, пред својот дом, тој физички ја нападнал и ѝ се заканувал и на нивната 19-годишна ќерка.

Насилникот е задржан во полициска станица, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.