Дваесет годишно момче од кавадаречкото село Возарци утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, потврдија од МВР.
Несреќата се случила околу 4 часот утринава на регионалниот пат Дреново- Кавадарци.
Патничко моторно возило со кавадаречки ознаки излетало од патот, а од добиените повреди на лице место починал возачот.
Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициска станица Кавадарци.
А.Д
©ктв.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.