По неколкудневните предистражни дејствија и спроведените претреси, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 51-годишната С.Г. од Кавадарци, поранешна вработена во локалната филијала на штедилницата.
Според соопштението од полицијата, пријавената се товари за три тешки кривични дела: „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „проневера во службата“.
Оперативната истрага, спроведена во координација меѓу ОВР Кавадарци, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Управата за финансиска полиција, утврди дека С.Г. подолг временски период вршела систематизирани злоупотреби на паричните средства на штедачите. Механизмот на измамата опфаќало реализирање фиктивни кредити на име на оштетени граѓани, како и намерно неевидентирање на нивните депозити, со што пријавената остварила значителна противправна имотна корист.
За време на претресите извршени на повеќе локации во Кавадарци, полициските тимови пронајдоа и запленија документација и други предмети кои служат како доказен материјал во постапката.
Осомничената С.Г. е спроведена пред јавен обвинител, а од страна на ОЈО Кавадарци до Судот веќе е доставен предлог за одредување мерки на претпазливост – одземање на нејзината патна исправа и обврска за редовно јавување во судот.
©ктв.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
поврзана вест: