Велешанец се обидел да силува малолетно момче. Обидот за сексуално злоставување се случил пред три дена. Жртвата и насилникот биле соседи. 47 годишниот маж, во понеделникот во попладневните часови му понудил превоз на 12 годишникот. Момчето влегло во атмобилот и за кратко време мажот ги почнал блудните дејства. Ги заклучил вратите на возилото и почнал да го допира малолетникот. Детето се спротиставило на обидите за силување. По дадениот отпор, 47 годишниот маж се откажал од намерата и одлучил момчето да го врати дома. Со автомобилот го превезол до местото на живеење но 100-тина метри подалеку од домот..
12 годишното момче веднаш им раскажало на своите родители што му се случило.. обидот за силување бил пријавен во полиција.. осомничениот веднаш го привела велешката полиција.. за случајот било известено и јавното обвинителство.. тоа веднаш покренало постапка за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години..
Надлежниот јавен обвинител утврдил оти е неопходно да се одреди и притвор за осомничениот. Ваквиот предлог го доставил до судија на претходна постапка. Велешкиот суд го прифатил барањето.На 47 годишниот велешанец му одредил притвор во траење од еден месец. Во образложениото на јавниот обвинтел се наведува дека тоа е побарано за да се спречи бегство на обвинетиот или повторување на кривичното дело.
Инаку според последните измени во кривичниот закон, зголемени се казните за делото полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Така наместо претходните четири години затвор, сега минималната затворска казна изнесува осум години.
Зоран Јаневски
Додади коментар