Се заканувал со ловечка пушка на Витачево: ОВР Кавадарци одзеде оружје од 62-годишник

Се заканувал со ловечка пушка на Витачево: ОВР Кавадарци одзеде оружје од 62-годишник

Полициски службеници од ОВР Кавадарци синоќа во 20:55 часот извршиле службен разговор со 62-годишниот М.Д. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава за инцидент на локалитетот „Витачево“.

Според пријавеното, М.Д. со ловечка пушка му се заканувал на 50-годишниот М.И. од селото Бегниште.

Полицијата брзо интервенирала, при што од пријавениот биле пронајдени и одземени ловечката пушка и пиштол за светлосна и звучна сигнализација. За настанот веднаш бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против М.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.