Градежните активности за изградба на новиот Био Пазар во Кавадарци се одвиваат со забрзано темпо, а проектот и официјално влегува во својата завршна фаза.
Со реализацијата на овој капитален проект, чија вредност изнесува 26.500.000 денари плус ДДВ како инвестиција на Општина Кавадарци, градот добива современ, уреден и сертифициран простор. Новиот пазар е наменет за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси.



Просторот овозможува директен пласман на производите без посредници, по фер цени и со поголема доверба кај потрошувачите, со што се инвестира во здравјето на граѓаните, поддршката на домашните производители и развојот на одржлива локална економија.
©ктв.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.