БИЛТЕН НА МВР: Напад во дворот на сосед, кражби на бадеми и ореви

БИЛТЕН НА МВР: Напад во дворот на сосед, кражби на бадеми и ореви

Младинец повреден во Кавадарци – фрлале предмети од соседството

Ноќеска, на 9 октомври во 00:45 часот во ОВР Кавадарци, 19-годишниот А.Ј. од Кавадарци пријавил дека бил нападнат додека се наоѓал во дворот на својот сосед. Според пријавата, од соседна куќа биле фрлени неколку тврди предмети, од кои еден го погодил младинецот и му нанел телесни повреди. Од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на настанот.

Серија кражби во Кавадаречко: Се краделе ореви, бадеми и предмети од фирми

ОВР Кавадарци расчисти и неколку случаи на кражби на подрачјето на општината:

Кражба на ореви во „Краиште“: Вчера во 13:30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Ј. (64) од село Марена и И.Б. (57) од село Мајден. Тие се сомничат дека од нива во местото викано „Краиште“, во сопственост на правно лице, одзеле поголема количина ореви.

Кражба на бадеми во „Белград“: Направен е службен разговор и со О.С. (59) од Кавадарци, кој се сомничи дека одземал бадеми од нива сопственост на фирма во местото викано „Белград“.

Одземени предмети од објект: Службен разговор бил извршен и со 46-годишен кавадарчанец поради сомнение дека одзел разни предмети од деловен објект во Кавадарци.

Од полицијата потврдуваат дека сите одземени предмети и земјоделски производи се пронајдени и вратени на вистинските сопственици. По целосно документирање на случаите, против сите осомничени ќе бидат поднесени соодветни пријави.