Четвртоодделенци во посета на градоначалникот на Кавадарци

Четвртоодделенци во посета на  градоначалникот на Кавадарци

Денот во Општина Кавадарци помина во знакот на детската љубопитност, насмевките и отворените разговори. Во посета на локалната самоуправа беа учениците од четврто одделение од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци и ООУ „Димката Ангелов Габерот“ од Ваташа.

За време на средбите со градоначалникот, најмладите имаа можност одблизу да се запознаат со функционирањето на општината, нејзините надлежности и начинот на кој се носат одлуките важни за секојдневниот живот на граѓаните. Со голем интерес, учениците поставуваа прашања за секојдневната работа на градоначалникот и грижата за заедницата.

Ваквите едукативни посети се одлична можност за најмладите да научат повеќе за локалната демократија, да ги споделат своите идеи и да ја развијат свеста за сопствената улога во заедницата.