Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ – „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“

Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ – „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“

Со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања спроведе проект „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, а резултатите од истиот беа презентирани денес на научна конференција, на која се обрати и државниот секретар во МОН, Елена Ивановска.

Ивановска посочи дека станува збор за еден од 50те проекти кои беа поддржани од министерството минатата година со вкупен буџет од над 6 милиони евра, преку Конкурсот за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети/факултети, научни институти и МАНУ. Нагласи дека истиот отвора значајни прашања за младите, образованието и општеството.

„Проектот се спроведува во вистинско време, ера во која врсничкото насилство е голем општествен предизвик. Оваа негативна појава не е во подем по бројноста на сторените дела, туку по степенот на бруталноста која ја покажуваат дел од младите и апатијата која ја покажува друг дел од младата популација. Истражувањето ќе даде теоретски одговори на одредени аспекти на комплексниот предизвик. Но, резултатите ќе имаат вистинско значење само доколку помогнат да се развијат пристапи што ќе можат да се применуваат во реалниот образовен контекст, а јас верувам дека ќе биде така“, рече Ивановска, додавајќи дека овој проект е можност за понатамошно јакнење на врската меѓу науката и образовниот систем.

Упати честитки до истражувачкиот тим и на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања за успешно реализираниот проект, порачувајќи дека  инвестицијата во науката е инвестиција во знаењето, а инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на општеството. Кога овие две инвестиции ќе се поврзат со институционална соработка и со практична примена, нивната вредност е уште поголема.

MОН