ВО КАВАДАРЦИ ДОАЃА НОВАЈЛИЈАТА ВО ПРВАТА ЛИГА ЕКИПАТА НА ШКЕНДИЈА ОД АРАЧИНОВО.
Викендов ке се одиграат средбите од третото коло во ПМФЛ. Според распоредот можеме да очекуваме неколку неизвесни и израмнети дуели. Ова коло ке стартува утре, петок, 14 август со почеток од 16.30 часот со средбата помеѓу Арсими и Башкими. Дуел на две екипи кои по првите две кола немаат ниту еден бод а новата сезона ја стартуваа и со многу примени голови. Арсими има еден постигнат и 9 примени а Башкими сеуште нема постигнато гол а прими дури 11. Во сабота од 16 часот во Кратово Силекс е голем фаворит во дуелот против Скопје.
Половина час подоцна од 16.30 во Кавадарци ГФК Тиквеш ке го пречека тимот на Шкендија од Арачиново. Кавадарчани ке ја имаат улогата на фаворити бидејки во првите две кола “испукаа две петарди” и заедно со тетовска Шкендија се на врвот на табелата со максимален ефект.
Тиквеш пред своите навивачи посакува продолжување на победничката серија и трета победа во низа но и арачиновци ке сакаат да докажат дека имаат квалитет за првата лига. Во недела од 16.30 часот неизвесен натпревар се очекува да одиграат Струга и Вардар. Од 19 часот неизвесно и интересно се очекува да биде и на дуелот помеѓу Шкендија Тетово и Брегалница од Штип.
M.В