
Пожар зафати делчевско возило вечерва на улицата “Шишка”, во близина на болницата во Кавадарци. Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци информираат дека се работи за возило “форд ескорт”.
-По дојава од полицијата, бевме на лице место со две возила и четворица пожарникари. Успеавме да спречиме поголема катастрофа, огнот не се прошири на околните возила и објекти, велат од противпожарната служба.
С.Д
©ктв.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.