
Во моментов во Тиквешијата се случува големо невреме. Силен пороен дожд, ветер и интензивни електрични празнења. Според првичните информации невремето ги зафати Кавадарци и Неготино.
– Улиците во Неготино, особено во центарот се под вода, поради што има заглавено и автомобили, јавуваат наши гледачи.
Силен пороен дожд го зафати и селото Ваташа.
Засега нема информации за поплавени објекти или други штети од налетот на „Флоријан“ во Тиквешко.



ВИДЕО – КАВАДАРЦИ
ВИДЕО – НЕГОТИНО
