Започна вториот уписен рок за средно

Започна вториот уписен рок за средно

Со слободни места во трите средни училишта во Кавадарци започна денеска вториот упис од јунскиот уписен рок за средно образование. Освен во неколку Гимназии и медицински училишта во Скопје и Струмица, слободни места за нови средношколци има речиси во сите училишта низ Македонија. 

Во првото пријавување на првиот уписен рок, , се запишале 13.137 ученици – 5.780 во гимназиско и 7.311 во стручно образование.Во овој уписен рок за гимназиско образование слободни се 5.611 места, а за стручно образование 14.890. МОН соопшти дека во вкупниот број запишани ученици и слободни места за второто пријавување не е пресметан бројот на учениците од средните училишта од уметностите (музичка и ликовна) и од спортската гимназија, зашто во нив се полагаат дополнителни испити.  Речиси во сите образовни насоки што се нудат во средните училишта во Кавадарци место за нови ученици има и во овој втор уписен рок.

Сите кој истиот оправдано го испуштиле денеска утре ќе можат да го фатат и аплицираат, а резултатите ќе бидат објавени на 4 јули.Според информациите на МОН оваа година осмо одделение завршија 22.900 ученици, а со Конкурсот за запишување во јавните средни училишта во 2013/2014 обезбедени се 34.971 слободно место. Од 2008/2009 година средното образование е задолжително во Македонија.

Милица Младенова