Силно невреме во Тиквешијата
03-08-2018 РЕГИОН

 

Во моментов во Тиквешијата се случува големо невреме. Силен пороен дожд, ветер и интензивни електрични празнења. Според првичните информации невремето ги зафати Кавадарци и Неготино.

 

- Улиците во Неготино, особено во центарот се под вода, поради што  има заглавено и автомобили, јавуваат наши гледачи.

 

Силен пороен дожд го зафати и селото Ваташа.

 

Засега нема информации за поплавени објекти или други штети од налетот на „Флоријан“ во Тиквешко.

 

 

 

 

 

ВИДЕО - КАВАДАРЦИ

 

 

 

ВИДЕО - НЕГОТИНО

Додади коментар