Пожар покрај пругата во неготинско
25-07-2013 РЕГИОН

Попладнево на потегот на железничката пруга во атарот на село Црвени Брегови изби пожар. Истиот е пријавен од страна на  по информација од месното население во селото при што ТППЕ од Неготино веднаш излезе на терен и започна со активности за негово локализирање.Во моментов ангажирани се две противпожарни возила и десетина пожарникари.

-„Со пожарот беа зафатени неколку прагови на железничката линија каде поголемиот дел од нив веќе се изгаснати но и понатаму се врши гасење што значи успеавме да спречиме да дојде до поголемо оштетување на железничката пруга со што секако би придонело и застој на железничкиот сообраќај на овој потег. Секако успеавме да го спасиме и самото село Црвени Брегови односно да не дозволиме пожарот да се прошири во селото. Нашите активности ќе продолжат и во понатамошните часови се со цел да бидеме сигурни дека истиот нема да предизвика други проблеми“,истакна Сашо Јанев од локална самоуправа Неготино.

Билјана Н. Тошевски



Додади коментар