Каракамишева му се извини на Јанчев
07-10-2019 РЕГИОН

Утринава ме "бомбардираа" вести и телефонски јавувања од провладините медиуми дека Митко Јанчев ќе ме тужел поради објавата за членската книшка.

 

Не знам колку е информиран господинов, но оваа фотографија е јавно достапна и не е за прв пат објавена кај мене, што значи не е ексклузивна вест.

 

Галиба ќе треба да ги тужи сите на твитер!

 

Самиот факт дека целиот провладин медиумски сервис се покрена да го објави демантот на Јанчев зборува повеќе од самата книшка.

 

Со оглед дека сум професионалец и пред се, човек, му упатувам извинување доколку на каков било начин сум придонела да се почувствува навреден од објавата - пишува Каракамишева на Фејсбук како извивнување до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Додади коментар