Течат 24-те часа, во кои Тања Каракамишева треба јавно да му се извини на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, по објавената фалсификат членска кништа од СДСМ. Таа објави наводно дека Јанчев има членска книшка од партијата на власт и порача „Кога партиите се хоби и строгонаменски бизнис“.
Градоначалникот отфрлајќи ги изнесените невистини побара извинување од Каракамишева, во спротивно најави тужба, бидејќи објавената членската книшка била со ист сериски број со таа на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
„Јавноста нека види со какви ниски работи се служат некои луѓе. Ова во најмала рака е урнебесно, но за жал има луѓе кои веруваат на ваквите лаги. Книшката за која Каракамишева пишува дека е моја, всушност е истата книшка, со истиот сериски број за која се крена голема прашина уште во ноември 2016 година. Тогаш многу медиуми ја објавија истата книшка, тврдејќи таа и припаѓа на поранешната специјална обвинителка. Дури и се држеа пресови поради тоа. Случајно дојдов до ова сознание, пребарав на интернет, бидејќи и во минатото се случувало некој да биде обвинет дека поседува партиска книшка, без оглед на тоа за која партија се работи. Нема да ме изненади ако еден ден ја видам истата книшка, со ист сериски број и со името на Никола Груевски на неа, како што тргнале нештата, се е можно – вели Јанчев .
Тој нагласува дека се работи за измама и фалсификат од страна на професорката, и открива дека дури и датата на раѓање која е наведена на книшката не се совпаѓа со неговиот датум на раѓање.
„Роден сум на први ноември 1981 година, а не на 10-ти јануари 1982 година, како што пишува во членската книшка. Се работи за фалсификат, и ова е уште еден обид за моја дискредитација. Доколку не ми се извини јавно, Каракамишева ќе добие тужба за фалсификат и клевета. Пред надлежните органи нека појаснува дали таа го направила фалсификатот, или пак од некаде го добила.“ вели Јанчев.

Додади коментар